Мораше да биде така

Мораше да биде така. Едноставно тоа беше посилно од мене, посилно од се. Цели 6 години се водеше имагинарна психо-војна во мојата глава, наспроти личните проблеми. Поимот дека постојам сега и овде не ми значеше ништо, но моето его дури и во најтешките мигови не се симна од палубата. Всушност животот без психички притисоци и социјални бранови ми удри шамар уште во 13 – тата година од животот. Заслугата за тоа ја делат моите другари, истите оние со кои поминував најголем дел од детството, тоа беа оние кои ми ги забодеа најотровните стрели во грбот. Од друга страна во истиот период доживеав и некои други несакани настани кои според тогашното размислување сега би ги класифицирал како трауми. Во текстов сакам да издвојам дел и за моите родители во периодот на моето растење. Ќе почнам со мајками, мојот херој, толку многу емотивна личност то меко срце, израсната во завидна средина со примерно воспитување. А пред се опкружување какво секој би посакал. Личноста која ме научи премногу во животот, иако понекогаш се лутев на нејзините сваќања и воспитувања, секогаш знаев дека тоа го направила со добра намера и со една цел, а тоа е да ме истера на вистинскиот пат, фала ти мака. За разлика од неа таткоми, ех таткоми е посебна приказна. И него животот го иззиграл од мали нозе, уште во рана возраст губејќи го својот постар брат, од своите родители ја изгубил привилегијата за понатамошно воспитување и совети, едноставно немал прилика да ги научи вистинските семејни вредности. Можеби затоа никогаш не осетив татково пријателската љубов, онаква каква што ја замислував, онаква каква што ја гледав во филмовите. Иако секогаш настојуваше да ме гледа од аспект на критичар па се до слабо карактерна личност, вечно ќе му бидам благодарен што ме научи да сватам дека во животот не е се така розево и истовремено ми помогна полесно да се соочувам со понатамошните слични ситуации. А животот продолжува, испрашува па дава лекции… паднав на многу од нив, чуствувајќи се одвратно. Трудејќи да си помогнам на себеси секогаш ја избирав погрешната страна, трудејќи се пред другите да изгледам перфектно константно се уништував себеси. Но по извесно време уморен како маратонец, почнав да размислувам со бистра глава. Сватив дека никогаш повторно нема да го осетам вистинскиот живот доколку не почнам да верувам во себеси. Кај луѓето постои мала разлика, а таа мала разлика прави голема разлика. Малата разлика е ставот. А големата разлика е изборот дали ќе останеш оптимист или песимист. Без разлика на условите, во животот секој добива онолку колку што побарал. Така и започнува мојата приказна, со овој текст ја најавувам мојата животна промена. Од сега решавам животот и среќата да ги ставам како приоритет во секојдневието. Грижите ќе ги оставам на страна, од животно искуство сватив дека стресот носи само тага а кога сме под нивно дејство проблемите добиваат само лажен размер и ни ги убиваат можностите да дејствуваме на вистинскиот начин. ГО ПУШТАМ ЧИПСОТ ДА ПАЃА НА СИТЕ СТРАНИ… зарем има поубаво чуство од контролата во свои раце ? еднаш ја испуштив и многу се каам поради тоа, но големите луѓе не грешат два пати. Решив да бидам директен и искрен, да го земам тоа што ми се допаѓа и да кажам НЕ кога навистина не ми е по ќеиф. Со оглед на тоа што мислам дека нема да имам долг животен век, преостанатиот дел од животот ќе го живеам токму онака како што од секогаш заслужував. А доколку се лажам, ветувам дека еден ден кога моето синче ќе научи да чита, ќе му дадам прилика токму овој текст да прочита пред цело семејство, би сакал барем за миг моите најблиски да го осетат моето минато од мој аспект. За сега толку, оваа приказна нека остане помеѓу нас а во иднина се читаме со нови случки и настани. 🙂

Напишете коментар