Како стојат работите

Накратко образложение на некои мои сваќања.

Како стојат работите. Толку едноставно… но толку комплицирано. Кристално јасни… но сосема неочекувани.

Интелегенцијата без амбиции е како птица без крила. – Салвадор Дали зарем има сомнение ?

Сосема прифатлив е фактот дека личниот успех не се темели врз пратење и учење од туѓите неуспеси. Омразата е душевен отров но преголемата суета е самоубиство. Фактот дека доколку си ѓубре – ќе те ценат им е одамна познат и на децата од предшколската возраст. Тогаш ќе се запрашаме, зошто зрелите луѓе не сакаат да го калкулираат тоа ? не се работи за воспитување, исто така не и за добродушност. Главната улога во оваа представа ја игра самодовербата и никој друг. Од секогаш сум викал дека пред се од неа зависат личниот успех и животните достигнувања. Намалената самодоверба вешто знае да ги парализира мозочните ќелии, а од тој момент кога на мозочните функции се исклучени сме под одвратно влијание на туѓите мислења.

Ниедно човечко суштество незнае безусловно да сака и цени на долги стази доколку тука не постои личен интерес, претeжно оние кои го кршат овој парадокс се родителите, браќата, сестрите и тоа е крај на приказната. Но за некој и тоа е привилегија а не право, затоа… “suzama se nasmesi i znaj da srecna si kumo ako ima ko da te tesi”.

Се е пролазно, тркалото на интересот никогаш не мирува. Оној кој до вчера ти беше најдобар пријател, оној од кој добиваше поддршка и кога не ти требаше, зарем тој ти заби нож во грб ? зарем свесно го направил тоа и не се кае ? како можеше да испадне толку суров!! не се чуди, ако подобро размислиме и животните правила се сурови. Зошто секогаш заминуваат оние кои најмногу ги ценат ? зошто најчесто најдобрите заминуваат прерано ? зарем е фер да страдаат невини дечиња за туѓи интереси ? незнам но од друга страна и перфекцијата би била предосадна, секогаш ќе се најде оној кој е жеден за повеќе.

Затоа и вреди животот да се живее по сопствените правила, цени ги своите способности и радувај се на личните успеси. Бидејќи се започнува од тебе, доколку им ја визуализираш личната вредност на другите, голем дел од нив ќе се подзамислат а останатиот дел ќе почнат слепо да ти веруваат.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s