Прв пост

welcome

 

Пред да започнам со генералното шарање по блогов ќе си посакам топло добредојде на себеси. 🙂 Блогов е имагиниран како личен дневник, кој за разлика од оној во вистинската смисла на зборот ова мое парче ќе биде достапно за мене секогаш и во секое време. Тука набрзо ќе се најдат сите мои животни прилики и неприлики, успеси и неуспеси, прашања и одговори. Не очекувам следбеници и редовни читатели од проста причина што ова го правам само за себеси, но сепак доколку некој падобранец случајно дојде тука – искрено ќе ми биде драго доколку му се допадне местово. Интересно за блогов е тоа што тој ќе биде темелот, алката задолжена за тоталната деструкција на некои лични несакани карактеристики, но за тоа поопширно и поконкретно во некои наредни статии. За крај само да си посакам многу успеси и здравје во иднина.

 

п.с Почнувам да го засакувам местово, сериозно. 🙂

Advertisements